Живот
22. April 2019 - 16:25

Внукот на Мајка Тереза ќе го пречека папата во Скопје, за него има уникатен подарок

Уметничкото дело кое Алојз Гомбар го подготви за папата Франциск денеска го донесе во редакцијата на весникот ВЕЧЕР.
 
-Откако се обзнани дека на папата ќе му дадам подарок, ми се јавија новинари од Франс прес, од државната телевизија на Полска, како и од неколку телевизии од Хрватска и од Словенија. Дури и од САД ме побараа да зборувам во директен пренос за тамошна телевизија. Но, јас решив мојата приказна прво да ја кажам во весникот кој секојдневно го купувам и го читам со години, рече наследникот на Мајка Тереза.