Во Албанија загрижувачки раст на младите меѓу новозаразените со Ковид-19
Албанија регистрира уште еден неделен црн биланс во однос на починати и новозаразени лица од Ковид-19 откако Министерството за здравство соопшти дека изминатата седмица починале 143 лица, меѓу кои и 22-годишна студентка од Ерсек, без други коморбилитети.
Во меѓувреме, според лекарите од Инфективната клиника, се забележува уште еден многу вознемирувачки феномен, а тоа е дека меѓу заразените се поголем е процентот на млади.
-Непочитувањето на анти-ковид мерките, како и занемарувањето на симптомите во првите денови од инфекцијата ги загрозува животите на младите. Загрижува појавата што младите го занемаруваат ризикот што им се заканува и се јавуваат во болница во последната фаза на болеста, изјави за Ора њуз, инфектологот Петрит Ѓорѓи од Инфективната клиника.
Додава дека агресивноста на вирусот не се намалува, што како „последица е високиот процент на починати“ и апелира на строго почтување мерката за носење заштитна маска и одржување дистанца.
Во меѓувреме во земјата продолжува процесот на вакцинација со која до сега се опфатени над 20 илјади здравствени работници и лица постари од 80 години.
Ново на Сител
-
Николовски: Објавен оглас за вработување на 10 лица кои ќе го засилат тимот за борба против корупцијата
-
Приведено лице од Тетово, запленета дрога
-
Стоилковски: Заев и Филипче да поднесуваат одговорност што снемува вакцини
-
МЗ: Дваесет и петгодишниот пациент починал во Систина и имал хронично заболување
-
Во Србија почна производството на Спутник вакцината
-
Обвинителен предлог против 11 лица во врска со злоупотребата при издавање на пасоши
-
Џафери: Собранието треба да се деблокира на секое ниво, без условувања и ултиматуми
-
Приведен 33 годишен дилер од Скопје