Балкан
7. September 2017 - 13:57

Во Атина зајакнати безбедносни мерки поради посетата на Макрон

Грчките власти забранија протести во центарот на Атина и ангажираа повеќе од 2.000 полицајци поради дводневната посета на францускиот претседател Емануел Макрон, кој денеска пристигна во Грција.

Во текот на ноќта, неколкумина млади лица фрлиле боја на влезот од Францускиот институт во центарот на градот, по што побегнале со моторцикли. Оваа зграда е честопати цел на вандализам поради несогласување на поединци со политиката на Франција.

Макрон денеска ќе има средба во Атина со грчкиот премиер Алексис Ципрас.