Во август намалени увозните цени на горивата
Увозните цени на горивата од одделот Кокс и рафинирани нафтени производи (19) во август годинава се пониски за 3,7 отсто на месечно ниво и за 10,7 отсто на годишно ниво.
Според податоците на Државниот завод за статистика, цената на моторните бензини е намалена за 7,4 отсто на месечно ниво, додека на годишно ниво бележи зголемување од 17,9 отсто. Кај дизел горивата има намалување од 2,0 отсто на месечно ниво и зголемување од 6,2 отсто на годишно ниво.
За разлика од нив, кај автоплинот, односно ТНГ горивото има намалување на цената и на месечно и на годишно ниво. На месечно ниво цената е намалена за 7,3 отсто, а на годишно за 12,9 отсто.
Како што информира Државниот завод за статистика, цените од одделот Кокс и рафинирани нафтени производи (19) се наменети за преиспитување или мониторирање на трошоците направени од градежните претпријатија при изведувањето на процесот на изградба. Главни корисници на податоците се градежните претпријатија, кои се повикуваат на движењето на трошоците од одделот Кокс и рафинирани нафтени производи (19) во калкулациите при склучувањето на градежните договори.
Ново на Сител
-
Ненад Димитријевиќ прогласен за МВП во ВТБ лигата
-
Од денеска поскапува регистрацијата на возилата
-
Мета: Победата на професорката Давкова ќе биде уште поубедлива
-
Протести во Венеција против туристичката такса - Судир на полицијата со демонстрантите
-
Кривична пријава за жител на Росоман за посредување и тргување со оружје или распрскувачки материи
-
Таравари демантира дека вчера имал тајна средба со Ахмети, на која добил понуда од него
-
Во германските продавници пронајдени се над сто килограми кокаин во пратките со банани
-
Тошковски во посета на ЕВР Центар и Бит Пазар