Loading Video...
Свет
22. November 2021 - 12:20

Во Австрија од денеска стапуваат на сила строгите мерки за невакцинираните

Во Австрија од денеска почнуваат да важат строгите мерки за невакцинираните лица, а предвиден е целосен локдаун во траење од 10 дена со можност за продолжување на уште 10. 

Ќе се затворат божиќните саеми кои привлекуваат голем број туристи но скијачките центри остануваат отворени за вакцинираните. Хотелите ќе се затворат, но ќе останат отворени за оние кои останале во нив пред заклучувањето.

Владата во Виена соопшти дека вакцинацијата ќе биде задолжителна од први февруари.  

Граѓаните можат да ги напуштат домовите само доколку одат на работа или да купат основни намирници. Работните места и училиштата остануваат отворени, но владата побара од родителите да не ги испраќаат своите деца во училиште и да ги задржат дома ако е тоа можно.