Балкан
29. October 2020 - 12:53

Во БиХ 1219 новозаразени со коронавирус, починаа 12 лица

Во изминатите 24 часа, 2.896 примероци се тестирани во Институтот за јавно здравје на БиХ, од кои 1.219 биле позитивни на SARS-CoV-2.

Регистрирани се нови случаи во сите кантони во БиХ.Досега се тестирани вкупно 201.479 примероци, а Ковид-19 е потврден кај 29.800 лица.

До денеска 19.083 пациенти се излекувани во БиХ, а во изминатите 24 часа е забележано опоравување кај 420 пациенти.Во моментов, 9.961 случаи се позитивни на вирусот. Во изминатите 24 часа беа пријавени 12 нови смртни случаи во Институтот за јавно здравје на БиХ.