Балкан
29. September 2015 - 20:27

Во БиХ денес има помалку католици отколку пред 100 години

Бројот на католици во Босна и Херцеговина денес е помал отколку пред 100 години, се наведува во Изјавата за актуелните црквени и општествени состојби, усвоена на 20-та годишна средба на католичките свештници од БиХ, одржана денеска во Сараево.

Како што јави Фена, во Изјаавата се вели дека денес се повеќе жители на БиХ ја напуштаат земјата, при што голем дел од нив се Хрвати и католици.

Во услови кога на просторот на Република Српска и на одделни делови на Федерацијата БиХ, поради различни политички интереси никогаш не се создадоа адекватни услови за враќање на раселените Хрвати, многумина од нив оваа земја повеќе не ја сметаат за своја, се наведува во Изјавата.  

Католичките свештеници оценуваат дека иако католиците, кои во најголем процент се Хравти, живеат на целата територија на БиХ, во земјата не постои национална стратегија „за опстанок на Хрватите и католиците, бидејќи за некои странски, но и домашни политички опции“ тие претствауваат пречка.

Во Изјавата натаму се наведува дека Хрватите не се рамноправно застапени во државните структури во БиХ и дека на католиците во земјата „со години им се наметнува чувство на пониска вредност“.

- Доминантните српски и бошњачки политички опции не се подготвени да го прифатат хрватскиот народ како конститутивен и рамноправен на целата територија на БиХ, се доадава во Изјавата.

Свештениците сметаат дека ниту кај меѓународните претставници „не постои вистинска волја за реформа на неправедниот и нефункциоанлен Дејтонски договор“, а со тоа ниту на Уставот на БиХ со што би се гарантирала рамноправност на сите три конститутивни народи и на сите граѓани во секој дел на земјата.

- Легитимните политички претставници на хравтскиот народ во БиХ се должни да се залагаат за правата на Хрватите, кои во најголем дел се католици, на целата територија на БиХ... Сите политички претставници и сите католици имаат обврска да сторат се што е во нивна моќ, во согласност со Евенгелието и позитивните закони, за опстанок на Црквата и на што поглем број католици во Босна и Херевговина, се наведува во Изјавата на учесниците годишна средба на католичките свештници од БиХ.