Балкан
17. March 2020 - 14:27

Во БиХ прогласена вонредна состојба поради коронавирусот

Во Босна и Херцеговина е прогласена вонредна состојба поради пандемијата со коронавирусот, одлучи Советот на министри на денешната седница.

Одлуката е донесена во согласност со Рамковниот закон за заштита и спасување луѓе и материјални добра од природни и други несреќи во Босна и Херцеговина.

Исто така, договорено е пополнување и активирање на Координативното тело на БиХ за заштита и спасување со оглед на тоа дека Советот на министри на БиХ ја усвои Предлог одлуката за изменување и дополнување на Одлуката за формирање Координативно тело на БиХ за заштита и спасување.

Според законот, Министерството за безбедност на БиХ ги координира активностите во планирањето и работењето на институциите и органите на Босна и Херцеговина во областа на заштитата и спасувањето.

Денешната седница на Советот на министри на БиХ уследи по повикот на Претседателството на БиХ да прогласи состојба на природна или друга катастрофа насочена кон спречување на ширењето на коронавирусот.