Македонија
3. May 2021 - 16:40

Во Битола само 950 пријавени за вакцини

Попладнево пристигна првата количина на вакцините „Синофарм“ и во вакциналниот пункт во Битола сместен во спортската сала на Медицинското училиште. Денеска пристигнаа околу 5000 колку што е капацитетот на фрижидерите во кои се сместуваат и чуваат вакцините, а во текот на наредните дена ќе пристигнуваат нови количини согласно потребите и капацитетот на фрижидерите. Во вакциналниот пункт во Битола се пријавени околу 18.000 граѓани преку апликацијата вакцинација.мк, а за утре се пријавени 910 лица. Во овој пункт ќе се вакцинираат граѓани од Битола, Прилеп, Крушево, Демир Хисар и Македонски Брод.

-На три дена може да се врши доставата на вакцини, а може и на една недела. Не е само транспортот туку и потребно е да имаме обезбедено места каде ќе се држат вакцините. Од Министерството за здравство имаме добиено два фрижидера, а секако ги користиме и фрижидерите во Здравствен дом, вели д-р Весна Спиркоска, директор на Здравствен дом - Битола.

Вакцинирањето ќе се извршува на 25 пункта. Во две смени ќе има по 25 медицински тима, ќе има и административен тим на приемот и пуштањето после примената вакцина.

-Се е во организација на Министерство на здравство, не е како досега кога имавме вакцинален пункт во ОУ „Даме Груев“ каде се вршеше вакцинација преку „Мој Термин“ и матичните доктори, а сега оди преку апликацијата „Мој Термин“. Го повикувам населението активно да се вклучи и да се пријавуваат преку вакцинација.мк, вели Спиркоска.

Д-р Спиркоска вели дека же се вакцинираат само оние кои се закажале преку апликацијата, затоа што во спротивно би имало опасност од хаотичност.