Свет
30. May 2020 - 10:01

Во Бразил рекорден број на новозаразени со Ковид-19, повеќе починати од Шпанија

Бразил ја помина Шпанија по бројот на смртни случаи од Ковид-19.

Во изминатите 24 часа од коронавирусот починале 1.124 лица, покажуваат податоци од Министерството за здравство на Бразил. Тоа е четврти ден со повеќе од илјада смртни случаи од коронавирусот во Бразил.

Вкупниот број на починати сега изнесува 27.878, наведува Си-Ен-Ен, додека во Шпанија, според податоци на Универзитетот Џон Хопкинс, од коронавирусот починале 27.121 лице.

Бразил исто така информира за 26.928 нови случаи на коронавирусот, што е рекорден број на дневно ниво.

Вкупниот број на заразени во земјата сега изнесува 465.166.