Свет
8. July 2016 - 22:53

Во Британија извршени 3.000 злосторства од омраза во периодот на Брегзит

По кампањата за излез или останување на Велика Британија во ЕУ, во периодот од 16 до 30 јуни, ширум земјата биле забележани 3.000 злосторства извршени од омраза, изјави денеска шефот на националниот совет на раководители на полициски служби, Марк Хамилтон.

- Сега имаме јасна слика за зголемен број на извршени злосторства од омраза во последните неколку недели. Тоа е неприфатливо и ги поткопува различноста и толеранцијата, наместо да ги слави, истакна Хамилтон.

Најголемиот број пријавени кривични дела се регистрирани на 25 јуни, еден ден по објавувањето на резултатите од референдумот, кога во Британија биле пријавени 289 злосторства извршени од омраза.