Во Британија намален бројот на новозаразени од коронавирус
Велика Британија забележа најмал број дневни случаи на Ковид-19 од 4 јули и се смета дека неодамнешниот пораст на нови случаи предизвикани од ширењето на новиот Делта сој го поминал својот врв.
Бројот на новоинфицирани паѓа шести ден по ред. Во неделата имало 29.173 случаи, а денеска 24.950 случаи.
Вкупниот број новоинфицирани во текот на изминатата недела е за петтина помалку од претходната недела.
Британската влада процени дека ризикот од смрт или хоспитализација е низок поради високата стапка на вакцинација што штити од развој на потешки форми на Ковид-19.
Сепак, многу вработени сè уште отсуствуваат од работа затоа што мора да се изолираат поради контакт со заразени лица.
За време на пандемијата во Велика Британија, 129.172 лица починаа од коронавирус, што е, по Русија, втор по големина официјален број на жртви во Европа.
Велика Британија забележа 14 смртни случаи денеска, помалку отколку во неделата кога имаше 28, најмалку од 12 јули. Сепак, 445 луѓе починаа во последните седум дена, што е за 50 отсто повеќе од претходната недела.
Во Обединетото Кралство повеќе од 70 проценти од возрасната популација е целосно вакцинирана.
Ново на Сител
-
Пристигнаа првите резултати од изборите во Хрватска: ХДЗ освои 58 мандати, СДП и партнерите 44
-
Уапсен 33-годишен скопјанец, истепал полицајци во полициска станица
-
Истепан вработен на ЕВН во Глумово
-
Џафери славеше роденден, семејството го изненади со торта во Владата | ВИДЕО
-
Скопјанец ја истепал поранешната девојка и ѝ го украл накитот
-
24 годишник со „ренџ ровер“ се обидел да прегази полицајци
-
Полицајци одзеле канти со поликолор на момчиња кои пишувале графит
-
Избоден затвореник во прилепскиот затвор