Во Бугарија ќе се формира аналитичко тело што ќе ги следи дезинформациите во медиумите
Бугарскиот министер за електронска управа, Божидар Бојанов, за време на парламентарната контрола во Народното собрание најави дека ќе се формира ново аналитичко тело за следење на содржината на медиумите и социјалните мрежи во земјава.
Како што јави дописникот на МИА од Софија, пренесувајќи го бугарскиот министер, тоа тело нема да ги одземе ингеренциите на Советот за електронски медиуми во земјава.
Според него, новата единица нема да ги регулира, туку ќе ги следи случаите на намерни дезинформации.
Бојанов кажа и дека во Бугарија не постои орган што е конкретно надлежен за политиката на заштита од хибридни закани, вклучително и против намерните дезинформации.
Според министерот Бојанов, во Бугарија се финансираат и создаваат манипулативни содржини за одредени теми со подржување на таканаречени фабрики за тролови што ја координираат дистрибуцијата на оваа содржина на социјалните мрежи.
Овие тролови, смета тој, често пати се луѓе кои работат од дома. Тие се плаќаат по коментар или објавена статија. По команда тие споделуваат „вести“ до одредени целни групи, на кои им укажува координативниот трол. Ова пак доведува до алгоритамско зголемување на дистрибуцијата на овие содржини и, соодветно се прикажуваат на повеќе луѓе. Исто така, овие тролови известуваат за легитимни гласови во општеството и на социјалните мрежи, што доведува до нивно блокирање, изјави министерот за електронска управа во бугарската Влада, Божидар Бојанов.
Ново на Сител
-
Во БиХ уапсени три лица кои барале пари за информација за исчезнатото девојче во Србија
-
Продолжуваат предизборните коалицирања
-
Марш на трансродовите лица
-
Во Собранието седница на Комисијата за одбрана и безбедност
-
Најмалку 38 лица загинаа во израелските напади врз сирискиот град Алепо
-
Над 20 луѓе повредени во сообраќајна несреќа во Германија
-
Мериленд доби помош од 60 милиони долари по уривањето на мостот во Балтимор
-
Сончево и топло со мала локална облачност