Балкан
21. November 2020 - 14:01

Во Бугарија речиси 4000 новозаразени со Ковид-19, починати се 129 лица

Во Бугарија, во последните 24 часа биле направени 9.786 тестови, од кои е потврден позитивен резултат во 3.983 случаи.

Во истиот период починале уште 129 лица и 1.061 се опоравиле, објави агенцијата БТА. Од почетокот на пандемијата, во Бугарија се пријавени 118,418 случаи на ковид-19.

Досега се опоравиле 34.388 лица, а починале 2.778.

Во болницата има 5.942 пациенти, од кои 383 се сместени во одделенија за интензивна нега.