Балкан
26. јуни 2020 - 15:01

Во Бугарија уапсен шефот на одделот за борба против наркотици

Бугарската полиција го уапси началникот на Одделот за спречување шверц на дрога при Директоратот за борба против организиран криминал, како и уште двајца високи функционери, поради наводно примање поткуп во замена за заштита на локалните и меѓународните трговци со наркотици.

– Тие се осомничени поради штитење на активностите на организираните криминални групи, вмешани во шверц со дрога во Бугарија и странство, изјави јавниот обвинител Иван Гешев на вонредна прес-конференција.

Тој истакна дека е загрижувачки фактот што се осомничени „највисоки претставници во борбата против наркотици во Бугарија и главните лица за контакт со меѓународните партнери, не само во ЕУ“.

Бугарија, која е членка на ЕУ од 2007 година, се наоѓа на една од главните рути за трговија со дрога кон земјите од Западна Европа.