-->
-->
Во Црна Гора под надзор 184 лица поради Ковид-19
-->
Во Црна Гора во моментов 184 лица се под здравствено-санитарен надзор поради актуелниот коронавирус, изјави денеска епидемиологот Божидарка Ракочевиќ од црногорскиот Институт за јавно здравје.
Таа истакна дека Црна Гора располага со тестови за лабораториска дијагностика на Ковид-19.
– Системот се покажа чувствителен, па во еден месец имавме неколку сомнителни случаи на коронавирус во Црна Гора, и континуирано се трудиме системот да го унапредиме, истакна Ракочевиќ.
Таа истакна дека за случај на масовно доаѓање на луѓе со симптоми на вирусот, се разгледува можноста за сместување во карантински објекти. Надзор се врши од самиот влез во земјата.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
ВМРО-ДПМНЕ ги потврди листите за пратеници
-
Зеленски: Русија планира голема офанзива во наредните месеци
-
18-годишен тетовец украл автомобил, па направил сообраќајка
-
Крилото на Села на АА оди во коалиција со Европскиот фронт, очекува најмалку пет пратенички мандати
-
Тепачка помеѓу вработени во болница во Карпош
-
Физички нападната 71-годишна скопјанка
-
Тепачка на паркинг во Скопје
-
19-годишник повреден на работно место