Балкан
15. March 2021 - 10:37

Во Црна Гора во март починаа 126 лица од последици од Ковид-19

Во Црна Гора вкупно 126 лица починаа како резултат на коронавирусот од почетокот на март, а во текот на цел јануари починале вкупно 123 лица, пренесуваат црногорските медиуми.

Вчера, Клиничкиот центар на Црна Гора забележа најголем број хоспитализации на пациенти со коронавирус, но и најголем број на опасни по живот пациенти од појавата на вирусот во Црна Гора. 141 од нив вчера биле хоспитализирани во Клиничкиот центар на Црна Гора, а она што дополнително ја комплицира и алармира состојбата е дека 82 пациенти се опасни по живот.

Црна Гора е на првото место во регионот според сите лоши параметри во борбата против Ковид-19. Таа е прва во регионот според бројот на хоспитализирани и бројот на активни случаи на 100.000 жители. Највисоката четиринаесетдневна инциденца на нови случаи на инфекција со коронавирус на 100.000 жители е забележана во Црна Гора.