Балкан
13. January 2019 - 22:00

Во Црна Гора запленети 207 килограми марихуана

 

Црногорската полиција кај Улцин во возило пронашла и запленила 207 килограми марихуана и го уапсила возачот.

Од Министерството за внатрешни работи на Црна Гора соопштија дека денеска службеници од одделението за безбедност во Улцин во местото Штој запреле џип марка „Нисан Терано“, што го управувало лицето Д.Б. (38) од Подгорица. Тој ја одбил наредбата на полицијата да излезе од возилото и избегал.

Наведуваат, дека полицајците го следеле возилото по што во неколку наврати дошло до судир. На крајот се превртело возилото во кое била превезувана дрогата.

Осомничениот и двајца полицајци се здобиле со полесни телесни повреди, а возилата се целосно уништени.