Во Дебар уште една жртва од Ковид-19
Во последното деноноќие во Дебар, вклучително и општина Центар Жупа, нема новозарзени со Ковид-19, нема оздравени, но едно лице на 63-годишна возраст ја згубило битката со опасниот вирус.
Во прегледот на Центарот за јавно здравје од Охрид за состојбата со епдемиолошката сосотојба во општините од регионот, стои дека до вчера во двете општини се регистрирани 12 починати лица, како последица од Ковид-19.
Тоа значи дека денес починатиот пациент е 13-та жртва од опасниот вирус на подрачјето на Дебар и Центар Жупа од почетокот на пандемјата, од кои четворица се во првата фаза, а останатите девет во втората фаза односно по 5 јуни кога болеста се врати на ова подрачје.
Според официјалната статистика, од минатата сабота до денес на ова подрачје регистрирани се осум нови случаи со Ковид-19 од направените 26 тестови, што претставува 30 отсто од тестираните. Во истиот период во списокот на оздравени се внесени 63, додека двајца пациенти починале во болнички услови.
Вкупниот број на заразени е 260, од нив оздравеле 219, додека активни на болеста се 28. Поголем број се лекуваат во домашни услови или амбулантски во Општата болница со проширена дејност во Дебар, а само четворица се пациенти во здравствени установи во Скопје.
Ново на Сител
-
Во општините Дебар и Центар Жупа повеќе гласачи од жители
-
Тепачка помеѓу две колешки во средно училиште во Битола
-
Вчера пријавени два различни случаи на физичко насилство на Бит Пазар
-
Приведени сопружници од Скопје
-
Во Прилепско во тек се теренски акции за имунизација
-
Претседателски избори 2024: Утре први гласаат членовите на ИО кои ќе ги спроведат изборите во дијаспората
-
Нови 46 случаи на голема кашлица од 12 до 18 април, хоспитализирани девет лица
-
ЕУ повикува сите актери на Блискиот Исток да работат на деескалација на тензиите