Во делчевското село Град пронајдено јајце со форма на сонце
Јајце со форма на сонце во својата штала пронајде семејството Маркови од делчевското село Град.
Маркови чуваат живина, но досега не се случило кокошките да снесат вакво јајце.
-Кога отидов да ги соберам јајцата од кокошките, забележав дека едно од нив има форма на сонце. Ова е прв пат од моја кокошка да биде снесено вакво јајце. Ќе го чувам за спомен, рече Трајанка Маркова.
Како жителка на единственото село во Македонија кое го носи името Град, Маркова додава дека можеби појавата на ваквото јајце е поврзано со празникот Духовден кој во недела се слави како соборен ден во село Град.
-Не можам со сигурност да кажам дали јајцето со сончева форма има некаква врска со празникот, но знам дека оваа година поради коронавирусот и почитување на препораките, соборниот ден нема да се слави групно, како што беше изминатите години. Поради полицискиот час и оние што планирале да го одбележат денот Духовден сега нема да може да го сторат тоа. Јас нема да одам никаде, а порачувам и на луѓето да не доаѓаат, поради тоа што за време на соборниот ден ќе бидеме во карантин, истакна Маркова.
Таа и нејзиниот сопругот Благој, освен кокошки чуваат и кози, имаат млади јариња, мачки, кучиња и магаре.
Во селото Град моментално живеат околу стотина жители кои претежно егзистираат од земјоделство. Поради големиот број насади со сина слива, најзастапена гранка е овоштарството.
Ново на Сител
-
Во БиХ уапсени три лица кои барале пари за информација за исчезнатото девојче во Србија
-
Продолжуваат предизборните коалицирања
-
Марш на трансродовите лица
-
Во Собранието седница на Комисијата за одбрана и безбедност
-
Најмалку 38 лица загинаа во израелските напади врз сирискиот град Алепо
-
Над 20 луѓе повредени во сообраќајна несреќа во Германија
-
Мериленд доби помош од 60 милиони долари по уривањето на мостот во Балтимор
-
Сончево и топло со мала локална облачност