Во ДУИ напладне нова средба на Ахмети со т.н „Огнена група“
Претседателот на Демократската унија за интеграција (ДУИ) Али Ахмети денеска ќе има нова средба со т.н Огнена група која иницираше реформи во партијата, брифираат партиски членови од Тетово. Средбата треба да се одржи со почеток во 12 часот во седиштето на партијата во тетовска Мала Речица.
-Се очекува на средбата да дојдат дел од главните иницијатори како Муса Џафери, Блерим Беџети, Изет Меџити и други, брифираат од ДУИ.
Ова е втора ваква средба откако во четвртокот, на 29 септември, Ахмети имаше состаноци со ограноците од Чаир и Сарај, а меѓу нив беа и Изет Меџити и Блерим Беџети.
На 24 септември медиумите првпат го објавија писмото со кое функционери на ДУИ, кои се нарекоа „Огнена група“, до раководството на партијата, побараа да запре „војната“ во партијата, а одредени функционери од извршната власт да понесат одговорност.
Меѓу потписниците на тоа писмо се Изет Меџити, пратеник и потпретседател на ДУИ, Блерим Беџети актуелен градоначалник на Сарај, Висар Ганиу градоначалник на Чаир, Мерита Коџаџику пратеничка, Невзат Бејта поранешен министер и градоначалник на Гостивар, Муса Џафери поранешен вицепремиер како и актуелниот заменик-министер за одбрана, Башким Хасани.
Ново на Сител
-
Минималната синдикална кошница за април 60.212 денари, зголемена за 1.214 денари во однос на март
-
Цената на лебот засега е стабилна и нема да се менува, велат од Агро-бизнис комората при ССК
-
МВР, ЈО и АНБ комплетно подготвени за претстојните претседателски избори
-
Инаугурацијата на Путин ќе се одржи на 7 мај
-
Шојгу: Русија ќе ги интензивира нападите врз складишта со западно оружје во Украина
-
Просечната плата во февруари изнесува 39.276 денари
-
ДИК: Гласањето во затворите тече без проблеми
-
Водителот Марко Новески стана татко на близначиња