Во експлозија во Кабул најмалку две лица загинаа
Најмалку две лица загинаа, а 12 се повредени во денешната експлозија во близина на Министерството за надворешни работи на Авганистан, соопшти претставник на болницата управувана од италијанска невладина организација во Кабул.
„Примивме некои пациенти“, рече Стефано Соза од италијанската невладина организација Emergency, која раководи со хируршки центар специјализиран за третман на воени жртви во центарот на Кабул. Во твитот на невладината организација се наведува дека меѓу повредените има најмалку едно дете.
Тој рече дека инцидентот се случил во близина на зградата на Министерството за надворешни работи.
Очевидци велат дека голема експлозија одекнала во близина на добро чуваната област во која се сместени неколку владини згради и странски амбасади.
Причината за експлозијата се уште не е позната.
Сепак, дел од локалните медиуми, повикувајќи се на непотврдени извори соопштуваат дека експлозијата е дело на бомбаш-самоубиец, кој при детонацијата убил шестмина цивили.
Ново на Сител
-
Убедливо водство на Силјановска
-
Тема на денот со Љупчо Петковски, политиколог
-
Светските медиуми известуваа за изборите во Македонија
-
Бизнисот очекува политичка промена и исполнување на ветеното
-
ГРОМ призна пораз, ЗНАМ сметаат дека се родила третата опција, Левица очекува повеќе гласови на 8ми мај
-
Преглед на вестите од светот
-
Убедливо водство на Силјановска
-
ОБСЕ/ОДИХР ги објави првичните резултати за првиот круг претседателски избори