Во февруари најмногу странски туристи од Турција, Грција, Србија и Германија

Во февруари годинава 48 654 туристи оствариле 94 652 ноќевања, објави Државниот завод за статистика.
Од вкупниот број туристи во февруари, 32.6 проценти се домашни, а 67.4 проценти странски.
Најмногу странски туристи во февруари имало од Турција, 5 011, по што следуваат Грција, 3 523, Србија, 3 278, Германија, 2 181,...
Бројот на ноќевањата во февруари 2026 година изнесува 94 652, од кои 38.1 проценти се од домашните туристи, а 61.9 процент од странските туристи.
Во периодот јануари – февруари 2026 година, во однос на истиот период од претходната година, вкупниот број на туристите е зголемен за 6 проценти, односно кај домашните туристи има зголемување за 5.1 проценти, а кај странските има зголемување за 6.5 проценти.
Кај вкупниот број на ноќевањата, во периодот јануари – февруари годинава во однос на истиот период од претходната година, има намалување за 1.6 проценти, при што кај домашните туристи има намалување за 0.2 проценти, а кај странските за 2.6 проценти.
МИА
Ново на Сител
-

Молитва на македонски јазик пред вечното почивалиште на Свети Кирил во Рим
-

Филипче: Оставката на Земон е одличен морален чин, СДСМ работи исклучиво за македонските интереси
-

30 дена притвор за возачот на камионот по трагедијата на скопската обиколница
-

Локалитетот Манчевци - музеј на отворено
-

Македонската народна музика и песна два дена ќе ечи во Прилеп и Долнени - започна „Пеце Атанасовски“
-

Преглед на вестите од светот
-

Tема на денот со Гордана Сиљановска Давкова, претседателка
-

Четворица загинати во тешка сообраќајка на скопската обиколница
