Свет
16. March 2021 - 11:17

Во Франција откриена нова варијанта на коронавирусот

Нова варијанта на коронавирус е откриена во францускиот регион Бретања, соопшти доцна синоќа.француското Министерство за здравство.

Здравствените власти додадоа дека по првичната анализа, нема докази дека оваа варијанта предизвикува потешка форма на Ковид-19 или дека полесно се пренесува од другите.

Новата варијанта се најде меѓу кластерот случаи во една болница во Ланион.