Свет
29. August 2020 - 18:22

Во Франција протест против носењето заштитни маски

Околу 300 луѓе се собраа на протест на Плоштадот на Републиката во Париз за да го искажат своето незадоволство од наредбата за носење заштитни маски.

Собири против задолжителното носење маски, кое го воведоа француските власти, се одржуваат и во голем број други поголеми градови во земјата.

Повеќето протести беа организирани на социјалната мрежа Фејсбук, и иако се пријавиле илјадници парижани, само околу 300 луѓе излегле на плоштадот.

Тие носеа транспаренти „Долу санитарната диктатура!“, „Не сакаме да носиме маски!“, „Моќ на народот!“. Меѓу демонстрантите имало студенти и пензионери, работници и неколку претставници на „жолтите елеци“.

Полицијата само го обезбедувала протестот и не се мешала. Сепак, секој граѓанин кој не носел маска бил казнет.