Свет
1. August 2020 - 13:43

Во Германија алармантен раст на новозаболени лица со Ковид-19

Во Германија во изминатите 24 часа регистрирани се 955 новозаболени со Ковид-19, што е најголем дневен пораст од 9 мај.

Пандемијата во Германија воглавно е сставена под контрола, но властите изминатите недели предупредуваат на новите случаи на зараза.

Институтот за заразни болести Роберт Кох оцени дека порастот на новозаболеми лица е последица на непридржувањето на правилата за физичка дистанца, како и на пристигнувањето на патници од странство.

Во Германија досега се потврдени 209.653 сличаи на новиот коронавирус, а починале 9.148 луѓе.