Свет
28. December 2020 - 17:51

Во Германија, по грешка, на негователи им била дадена петкратна доза од вакцината

Во германскиот град Штралсунд се случи голема грешка на почетокот на имунизацијата против коронавирусот, откако петмина негуватели, поради пропуст на докторите добиле петкратна доза на вакцина.

Како што пренесува германски „Билд“, вакцинирани биле седум жени и еден маж, а половина од нив по вакцинирањето имале симптоми на грип.

Според властите од округот Формпомерн-Риген, четворица од нив биле хоспитализирани и докторите будно ја следат нивната здравствена состојба.

Во соопштението на локалните власти е наведено дека од производителот на вакцината, „Бајонтек“, соопштиле дека во првата фаза од студиите, поголеми дози биле тестирани кај луѓе и целиот процес поминал без последици.

Од таму соопштија дека при подготовките на вакцините, докторите најверојатно не ги прочитале информациите на пакувањето.

„Тоа е шишенце со повеќе дози, чија содржина треба да се раствори“, стои во соопштението на „Бајонтек“.