Македонија
18. November 2015 - 18:24

Во Гевгелија трибина за згрижувачки семејства

Меѓуопштинскиот центар за социјални работи од Гевгелија попладнево организира трибина за промовирање на формата за сместување на деца без родители во згрижувачко семејство.

Главната цел на трибината, посочија организаторите, е да се запознаат граѓаните за значењето и можностите што ги нудат згрижувачките семејства и истовремено да се поттикнат што поголем број семејства да станат згрижувачки, бидејќи во моментот има голема потреба од оваа форма на згрижување деца без родители и родителска грижа.

Од Меѓуопштинскиот центар за социјална работа ,како орган со јавни овластувања кој е надлежен за вршење на работите од областа на старателството, појаснија дека при изборот на згрижувачко семејство се раководат од индивидуалните потреби на детето и неговата возраст, од здравствените и моралните подобности на семејството, степенот на образованието на старателите и нивните материјални и станбени услови, како и од можностите на семејството за згрижување на деца.

Денешнава трибина гевгелискиот Центар за социјални работи ја организираше во соработка со ресорното министертво, СОС Детско село и со Заводот за социјални дејности.