Во Грција досега спроведени 725.000 вакцинации
Денеска, беа спроведени над 30.000 вакцинации, а вкупно, од првиот ден надминавме 725.000 вакцинации и Грција се наоѓа на четвртото место по дневниот број вакцинации во изминатите седмици во однос на другите земји од Европската Унија, рече генералниот секретар од Министерството за здравство на Грција Мариос Темистоклеус на денешната редовна прес конференција за процесот на имунизацијата во земјата, јави дописничката на МИА од Атина.
Темистоклеус истакна дека постои нагорен тренд во закажувањата термини за вакцинација на граѓаните и веќе се регистрирани нешто помалку од еден и пол милион термини, од кои 600.00 се за првата, а останатите за втората доза.
Во однос на вакцините за Грција, рече дека денеска добиле 112.000 дози од Фајзер,а минатата седмица пристигнале 24.000 од Модерна и 90.000 од АстраЗенека.
Ново на Сител
-
Иран одби да разговара со САД за нуклеарниот договор
-
Упад и закани во кипарска телевизија по избор на „сатанистичка песна“ за Евросонг
-
Вкупно 12 лица обвинети за употреба на фалсификувани ПЦР тестови на скопскиот аеродром
-
Австриски експерт предупредува дека банди од Балканот се подготвуваат за отворање на границите
-
Курц со критики за ЕМА, бара побрзо одобрување на вакцините
-
Димовски: Да престанат сите казни и ограничувања спрема граѓаните се додека државата не набави вакцини
-
426 санкции за неносење маска
-
Портпаролот на грчката Влада поднесе оставка