Живот
11. April 2019 - 12:03

Во Грција родено дете од тројца родители

Машко дете тешко 2,9 килограми е родено во Грција, кои во суштина има тројца родители.

Бебето и мајката, која досега имала четири неуспешни ин витро зафати, се во добра здравствена состојба.

Грчки и шпански и лекари информираа дека во овој случај се користени клетки од три лица, односно јајце-клетка од мајката, сперма од таткото и уште една јајце-клетка од жена донатор. Претходно тој зафат е извршен само еднаш и тоа кај семејство од Јордан.

Други доктори и научници пак, веќе ја оценија оваа процедура како „етички спорна“ и дека не треба да се применува.

Идејата, меѓу другото, е и да се избегнат митохондријални заболувања, кои се пренесуваат од мајката на бебето, објаснуваат докторите. При зафатот се комбинираат ДНК на мајката со митохондриите на дарителката и така се спречуваат генетички болести.

Претпоставките говорат и дека митохондриите можеби имаат удел и во успешноста на бременоста, но тоа сè уште не е доволно истражено.