Балкан
3. October 2020 - 13:15

Во Хрватска 241 новозаразени со коронавирус, починаа две лица

Во последните 24 часа, во Хрватска се евидентирани 241 новозаразени со коронавирус, а две лица починаа, објави Националниот штаб за цивилна заштита.

Бројот на активни случаи во моментов е 1.447, 289 пациенти се во болница, од кои 23 се на апарати за дишење.

Од почетокот на епидемијата, коронавирусот е потврден кај 16.621 лице, а починале 277 лица.