Свет
11. December 2017 - 19:25

Во Индија силувано и брутално убиено шестгодишно девојче

Полицијата во Индија сослушува неколку лица во врска со брутално силување и убиство на шестгодишно девојче во северната држава Харјана.

Телото на девојчето било пронајдено во близина на куќата од каде било киднапирано на 8 декември годинава.

Унакажаното тело и грозоморното злосторство ја шокираа целата земја и предизвикало бес кај населението.

Мајката на девојчето изјави дека бара правда. - Полицијата се уште не уапсила никого, изјавила мајката на Би-Би-Си.

Засега се приведени тројца роднини на таткото, но никој не е осомничен.

Поради притисокот на јавноста, Владата формира специјален тим за истрага.

Локалното население излезе на протести и семејството на жртвата бара истрагата да ја преземат државните истражни органи затоа што не и веруваат на локалната полиција.

Семејството и локалното население и поставија ултиматум на полицијата барајќи брза реакција или „протестите ќе ескалираат“.

Поради честите силувања и сексуалните злоставувања во Индија, граѓаните се почесто бараат построги казни, вклучувајќи и смртна казна за силувачите.