Свет
13. November 2020 - 18:50

Во Италија рекордни 40.902 нови позитивни случаи, 550 починати

Италија во последните 24 часа регистрира рекордни 40.902 нови случаи на коронавирус, додека 550 лица починаа како резултат на вирусот, соопшти денеска Министерството за здравство на таа земја.

Инфицирани се повеќе луѓе од вчера, кога беа евидентирани 37.978 нови случаи, додека помалку од 636 починаа претходниот ден.

Вкупниот број на заразени е 1.107 милиони, додека 44.139 лица починаа од последици од коронавирусот.