Свет
28. October 2020 - 20:24

Во Италија рекордни нови 24.991 случаи на Ковид-19, починале 205 лица

Италија регистрира рекордни 24.991 новозаразени со коронавирусот во изминатите 24 часа, а уште 205 лица починале од Ковид-19, соопшти денеска Министерството за здравство.

Ова го урна вчерашниот црн рекорд кога беа евидентирани 21.994 нови случаи.

Од почетокот на пандемијата во Италија од Ковид-19 починале вкупно 37.905 лица, а регистрирани се 589.766 заразени.

Северниот регион Ломбардија и понатаму е најтешко погоден, со регистрирани 7.558 нови случаи во последните 24 часа, за разлика од вчерашните 5.035.