Во Јужна Америка од Ковид-19 починаа над 1,5 милиони луѓе
Според официјалните бројки, бројот на смртни случаи од пандемијата со Ковид-19 во Јужна Америка и Карибите надмина 1,5 милиони луѓе. Само во Бразил животот го загубија повеќе од 600.000 луѓе.
По Бразил, Мексико (281.121), Перу (199.581), Колумбија (126.552) и Аргентина (115.444) имаат најголем број смртни случаи. Со 605 смртни случаи од Ковид-19 на 100.000 жители, Перу е државата со највисока стапка на смртност на потконтинентот.
Пандемијата уби најмалку 4,83 милиони луѓе ширум светот од крајот на декември 2019 година. На светско ниво, 422.400 контаминации се регистрирани дневно оваа недела, или седум отсто помалку од претходната недела.
Во Јуна Америка и Карибите, бројот на нови случаи на заразени со Ковид-19 се намали за 15 отсто во споредба со претходната недела.
Ново на Сител
-
Пo 50 години конзервација на мозаиците на локалитетот Стакина чешма во Валандово
-
Преглед на вести од светот
-
Тема на денот со екс амбасадорот во Бугарија, Марјан Ѓорчев
-
Без новиот Закон за заштита на конкуренцијата ќе нема кој да контролира трговци
-
Љутков: Изградбата на Универзална е стопирана, бидејќи не се знае во чие владение е салата, следуваат кривични пријави
-
Вреди задоволни што сработиле во првите 100 дена во Владата на Мицкоски
-
Анкета на Мкд.мк: Рејтингот на власта расте, но корупцијата се уште е најголем проблем
-
Лани околу 9000 пациенти во Македонија починале од кардиоваскуларни заболувања