Во јужна Русија пронајдени околу 2.500 угинати фоки
Околу 2.500 угинати фоки се пронајдени на брегот на Каспиското Море во јужна Русија во Дагестан, а засега нема показатели дека насилно се убиени, соопштија официјални локални претставници.
Првите извештаи покажале дека станува збор за околу 700 угинати фоки, но со натамошно пребарување на теренот е утврдено дека ги има најмалку 2.500, а можно е да се и повеќе. Од 2008 година Меѓународната унија за зачувување на природата ги прогласи касписките фоки за загрозен вид.
Началникот на Каспискиот центар за заштита на животната средина Заур Газипов истакна дека според првите резултати од истрагата, фоките загинале пред околу две недели и дека засега не се пронајдени докази дека се убиени или фатени во рибарска мрежа. Стручните тимови земале примероци од фоките со цел со лабораториско испитување да се утврди причината за угинувањето.
Популацијата фоки во Каспиското Море драстично е намалена во изминатите неколку децении поради прекумерниот лов и индустриското загадување. Пред околу 100 години имало повеќе од милион фоки, а последните проценки говорат дека останале само 70.000.
Ново на Сител
-
Татко од струшко село со дрво ја тепал ќерка си
-
„Студентски отпор“ најави протести доколку не им се исполнат сите барања
-
Двајца малолетници тешко повредени во сообраќајка на регионалниот пат Скопје – Тетово
-
Тенисери местеле за 400 до 2000 евра
-
МОТО ГП: Започнува новата сезона
-
Аргентинците го поздравија рекордот на Меси
-
Во Србија зголемена цената на патарините
-
Беира Салифова, со целосно оштетен вид, го одбрани првиот дипломски труд на Брајово писмо во Македонија