Македонија
23. December 2015 - 10:08

Во Кавадарци 51 заболен од грип

Во Кавадарци 51 лице заболело од сезонски грип, што е речиси двојно повеќе од бројот на грипозни истиот период минатата сезона, кој изнесуваше 28, кои се евидентрирани во кавадаречкиот Центар за јавно здравје. 

Доктор Ристе Јовановски, епидемиолог од Центарот, изјави дека временските услови се во прилог на настинките и ширењето на вирозата.

- Преку ден позитивните температури кои навечер се спуштаат под нулата, зголеменото загадување на воздухот и маглата, си го прават своето, истакна Јовановски.

Потсети дека пред почетокот на сезоната на грип, 799 лица во Кавадарци беа вакцинирани, со цел превентивно да се влијае против ова сезонско вирусно заболување.