Македонија
13. March 2017 - 20:56

Во Кичево протест за поддршка на иницијативата “За заедничка Македонија”

На платото пред Домот на културата во Кичево вечерва се одржа грѓански протест за поддршка на иницијативата “За заедничка Македонија”.

Во име на граѓанската иницијатива се обрати Даме Силјаноски, а присутните ги поздрави и Идеат Реџепоски, кој говореше во  име на ромската етничка заедница.

- Во име на ромската етничка заедница ве поздравувам сите кои цврсто застанавте зад граѓанската иницијатива ”За заедничка Македонија” во одбрана на унитарноста и државноста на нашата заедничка татковина Македонија. Ромите од Кичево и од цела Македонија изминатите десет години успешно се интегрирани во системот на државата. Се зголеми писменоста, Ромите се дел од образовниот систем во Македонија, дечињата Роми ги има во детските градинки и речиси и да нема институција каде не работи припадник од ромската етничка заедница. Затоа сакаме Македонија да продолжи по вистинскиот пат, изјави Реџепоски.

Тој додаде дека изминатите четри години како советник во Советот на Општина Кичево ги застапувал сите граѓани без разлика на етнича или политичка припадност.

Протестот марш се одвиваше низ улиците на Кичево.