Свет
24. November 2020 - 8:59

Во Кина двојно повеќе новозаразени од претходниот ден

Во последните 24 часа во Кина се потврдени 22 нови случаи на коронавирус, двојно повеќе од претходниот ден, соопшти Националната здравствена комисија.

Од вкупниот број на новоинфицирани, 20 се увезени, а по еден локално пренесен случај има пријавено во Шангај и во провинцијата Тијанин.

Случајот од Шангај, како и случајот што претходниот ден беше пријавен во градот, е поврзан со контејнер од Северна Америка, што го чистиле две лица откако пристигнал на аеродром.

Потврдени, исто така, се и осум нови асимптоматски случаи, кои не се вклучени во официјалната статистика.

Од почетокот на епидемијата, во Кина се регистрирани 86.464 случаи на коронавирус, а умреле 4.634 лица.