Живот
11. May 2016 - 16:42

Во Кина забрането он-лајн јадење банани на „заводлив“ начин

Кина воведе многу интересна забрана.

Имено, како што јави Би-Би-Си, кинеските власти забранија јадење на банани на „заводлив“ начин пред компјутерска камера во тек на разговори преку страниците за он-лајн комуницирање.

Ваквиот потег властите го оправдуваат со намерата да ги спречат „непримерните и еротски онлајн содржини, кои го поткопуваат социјалниот морал“.

Мерката е воведена по сознанијата дека во Кина се поголем број корисници имаат социјалните мрежи на кои млади жени, меѓу кои и голем број помлади од 18 години, забавуваат воглавно мажи, пеејќи кинески песни или разговарајќи со нив.

Откриено е дека 60 отсто од жените на овие страници се помлади од 22 години, а околу 75 отсто од нивните соговорници се мажи.

Голем број корисници на интернет веднаш покренаа дилеми за тоа како ќе се спроведува оваа забрана, кој е тој кој ќе решава дали некој јаде банана на провокативен начин и што ако наместо банана „заведувачите“ почнат да јадат некое овошје или зеленчук со сличен облик, како на пример краставица?