Живот
1. September 2017 - 9:22

Во Колорадо случајно откриен скелет на диносаурус

Градежни работници од Колорадо, САД, открија скелет од диносаурус трицератопс, стар 66 милиони години.

Остатоците од ова тревопасно праисториско животно се пронајдени близу градот Денвер, на земјиште каде се гради нова полициска и противпожарна станица.

По откривањето на фосилот, повикани се експерти од градскиот Музеј за наука и природа, кои утврдиле дека се работи за трицератопс.