Балкан
21. April 2020 - 9:33

Во Косово почина бремена жена заболена од Ковид-19

Пациентка на возраст од 40 години рано изутринава почина на Универзитетската клиника во Косово. Жената со иницијали В.П. живеела во Ѓаковица и била бремена.

На интензивна нега се лекувала од 15 април.

Со ова бројот на смртни случаи во Косово достигна 16 лица.