-->
-->
Во Коста Рика прогласена вонредна состојба поради ураганот „Ото“
-->
Властите во Коста Рика прогласија вонредна состојба поради приближувањето на ураганот „Ото“ кон карипското крајбрежје на земјата, јави ТАСС.
Ураганот, со ветрови кои достигнуваат брзина од 140 километри на час се очекува да донесе поројни дождови, кои веројатно ќе предизвикаат поплави и свлечишта, предупреди американскиот Национален центар за урагани, со седиште во Мајами.
Во соседна Никарагва властите евакуираа над десет илјади лица од потенцијалните опасни зони.
Во Панама во налетот на ураганот загинаа четири лица, 11 лица се водат како исчезнати, а погодени се околу 150 семејства.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Во Југоистокот на државата запишани 1547 болни и изнемоштени лица
-
ВО ЖИВО: Подготовки во ДИК
-
Гласање во затвор „Идризово“, запишани 887 избирачи
-
Гласаат затворениците во Штип
-
Управен ја запре постапката за вработување на 130 кандидати за идни судии и јавни обвинители
-
ДСЗИ констатира незаконско работење на Токсикологија – лица без договор за работа давале здравствени услуги
-
Супервештачење за случајот Веапоска која остана без три органи
-
Ученикот кој претепа наставничка ќе биде префрлен во друго училиште