Македонија
6. January 2017 - 12:41

Во Куманово по прв пат Бадникова литија

Празнувањето на Бадник во Куманово по прв пат го најавија деца кои учествуваа во Бадникова литија.

Поворката започна од Соборниот Храм „Свети Никола“ и продолжи по кумановските улици, при што посети неколку домови, трговски објекти, семејства, како и општината Куманово.
 
Пеејќи ја песната Вечниот Бог, децата добија пригодни подароци и предизивикаа внимание кај случајните минувачи од ваквиот начин на прослава на Бадник, ден пред Божиќ.
 
- Идејата беше да одиме и во Старо Нагоричане и децата од таа општина да ни се приклучат, но временските услови го попречија овој план, изјави Ружица Денковска, една од иницијаторите на литијата.
 
Таа посочи дека добиле поддршка од кумановско-осоговската епархија.
 
По иницијатива на децата - учесници во поворката, средствата кои ќе се соберат ќе бидат донирани на болното момче од Кратово.
 
Градоначалникот на општина Куманово, Зоран Дамјановски ги прими децата и ги даруваше со пригодни подароци. Тој го поздрави овој начин на прослава на Бадник и Божиќ.