Македонија
5. April 2017 - 10:58

Во наредните денови невреме, а потона нови промени: Какво време не очекува за викенд

Времето во Македонија ќе биде променливо облачно со повремени локални врнежи од дожд, особено попладне кога локално ќе има и појава на нестабилна облачност со краткотраен пороен дожд и ретки грмежи. Врнежите ќе бидат со слаб и умерен интензитет и повеќе ќе бидат застапени во западните краеви. Ќе дува слаб до умерен јужен ветер.
 
Утринската температура ќе се движи од еден до седум, а дневната од 14 до 20 степени.
 
Во Скопје ќе биде променливо облачно со повремен дожд особено попладне и со слаб до умерен југоисточен ветер. Утринската температура ќе се спушти до пет, а дневната ќе достигне до 18 степени.
 
И во четврток преку денот не се очекува значителна промена на времето. Во текот на ноќта кон петок поради спуштање на постуден воздух од север на планините и на некои повисоки места во западните делови врнежите ќе бидат од снег.
 
Од четврток до сабота ќе дува умерен до засилен северен ветер, поизразен в долж Поварадрието. Поради разведрувањето, за време на викендот утринските температури на места ќе се спуштат под нулата, но преку денот времето ќе биде сончево со умерена облачност и со слаб до умерен ветер од променлив правец. Дневните температури ќе бидат нешто повисоки.