Македонија
15. October 2016 - 12:35

Во недела почнува зимското сметање на времето - не заборавајте да ги вратите стрелките еден час назад

 
Зимското сметање на времето оваа година ќе почне во недела на 30 октомври, во 3 часот по полноќ кога стрелките на часовникот ќе се вратат еден час назад. Иако денот се уште трае до 18:30 часот, како што доаѓа зимата, се порано се стемнува, а зимското сметање на времето дополнително ќе придонесе за тоа. 
 
Денеска е сабота, 15 октомври 2016 година, 289-иот ден во годината. До крајот на годината остануваат уште 77 дена. 
 
Сонцето во Скопје изгреа во 6 часот и 45 минути, а ќе зајде во 17 часот и 53 минути.
 
Денов трае 11 часа и 8 минути.
 
Месечината, која е во фаза на прва четвртина, ќе изгрее во 17 часот и 45 минути, а ќе зајде во 5 часот и 31 минута.