Македонија
21. December 2016 - 16:05

Во недела прегласување на едно гласачко место во Теарце

Во недела ќе се прегласува на избирачкото место 2011 во Теарце. Вака одлучи Државната изборна комисија откако вчера Управниот суд ја уважи тужбата на СДСМ.

Поради ова на денешната седница членовите на ДИК го поништија гласањето и одлучија тоа  да се повтори бидејќи влијае на конечниот резултат при распределбата на пратенички мандати во шестата изборна единица.

Направената симулација на службите од компјутерскиот оддел на Државната изборна комисија покажала дека прегласувањето може да го промени бројот на пратенички места кои ќе ги поделат партиите..

Според податоците на Државната изборна комисија, во гласачкото место 2011 во Теарце право на глас имаат 714 жители. На гласањето од 11 декември, своето гласачко право го искористиле 404 гласачи..

Инаку пред Управниот суд тужбена постапка водеше и ВМРО-ДПМНЕ.

Партијата се жалеше на одлуката донесена од ДИК според која требаше да се прегласува на избирачко место во Гостивар.

Управните судии оваа тужба ја прифатија па ќе нема прегласување.