Македонија
10. January 2023 - 16:37

Во очекување на новите санкции од САД, ќе биде ли шарена, црната листа?

Груевски и Мијалков се последните две имиња кои во април се најдоа на проширената црна листа на САД за Македонија. Американската влада како причина за ваквиот чекор ја наведе нивната вмешаност во корупцијата. На ревидираниот список сега се наоѓаат вкупно 13 лица. Се шпекулира дека таа листа наскоро ке се зголеми. Тоа вчера го потврди и министерот Османи, во пресрет на посетата на високиот преставник на Стејт департментот на Скопје.

Претходно во посета на Македонија беше истражниот тим за санкции, кој требаше да ја скенира ситуацијата во земјата. Тогаш Американската амбасада порача дека се потребни повеке истраги за високата корупција и дека никој не е над законот, но немаше ништо конкретно. 

Делегацијата која утре ќе ја посети Македонија, ќе ги посети и останатите земји од регионот, кои исто така очекуваат проширување на нивните црни листи, блокада на имоти и лица кои директно или индиректно САД го сметаат како закана за безбедноста. Пред шест месеци, десетици лица од државите на Западен Балкан беа санкционирани, почнувајќи од политичар , пратеници, функционери во судската власт па се до преставници на медиуми, кои ја злоупотребиле својата функција за да се стекнат со моќ , влијание и пари. Така на листата се најдоа и главната екс обвинителка во БИХ, високиот функционер во партијата на Ѓукановиќ Маровик, како и два медими од Босна и од Албанија. Од вака шарена листа на санкционирани беа изненадени многумина во регионот, останува да се види дали Вашингтон има уште изненадувања во ракавот.