Македонија
17. October 2021 - 12:21

Во Општина Демир Хисар до 11 часот гласале 17,97 проценти од вкупниот број избирачи

До 11 часот на Локалните избори во Општина Демир Хисар гласале 17,97 проценти од вкупниот избирачи.

– Гласањето се одвива на 36 избирачки места, а право на глас имаат 6.959 полнолетни граѓани, истакна Благојче Брсаковски, претседател на ОИК-Демир Хисар.

Во Општина Демир Хисар евидентирани се два кандидати за градоначалник и пет листи со кандидати за членови на општинскиот Совет.