Македонија
8. April 2016 - 15:04

Во општина Карпош ќе се собира кабаст отпад

Јавното претпријатие „Комунална хигиена“ ќе врши собирање кабаст отпад (делови од мебел, предмети за домаќинство, електрични апарати) во општина Карпош. 

Собирањето на отпадот денеска се изврши во урбаните заедници „Владо Тасевски“, „Тафталиџе 1“, „Тафталиџе 2“, „Влае 2“, „Кузман Јосифовски – Питу“, „Пецо Божиновски – Кочо“ и „Нерези“.

Акцијата ќе продолжи и утре, а кабастиот отпад ќе се собира во урбаните заедници од Карпош 1 до Карпош 4, како и во „Влае 1“ и „Злокуќани“. Граѓаните ќе можат да остават кабаст отпад од 7 до 11 часот.

Кабастиот отпад ќе се собира во наведените урбани заедници, односно на предвиденото место каде ќе поминува возилото на Јавното претпријатие „Комунална хигиена“.